Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Дачиќ ја почитува оставката на Ружиќ, но не поддржува оставки на остаток од владата

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека постои закана од политизација на масовните убиства во Србија, дека ја почитува оставката на министерот за образование Бранко Ружиќ, но не и дека ја поддржува оставката на остатокот од владата.

– Јас сум последниот човек на светот што треба тоа да го прашате, никогаш не сум за оставка, секогаш сум за борба, рече Дачиќ на прес-конференција.

На новинарско прашање зошто не отишол пред ОУ „Владислав Рибникар“ каде што се случи масовното убиство, како ниту претседателот Александар Вучиќ, ниту премиерката Ана Брнабиќ, Дачиќ одговори дека во МНР е отворена книга на жалост и дека тој прв се запишал.

– Ова се монструозни злосторства. Јас сум постар човек, па се сеќавам на другите, бев и во политиката во тоа време и кога имаше криминал во Јабуковац, Иванча. Единствено што се плашам е дека оваа ситуација ќе се политизира, дека врз основа на оваа трагедија се размислува за политички ефекти, рече тој.

Дачиќ додаде дека не ја гледа индивидуалната одговорност на Ружиќ, што тој „придонел или згрешил“, туку дека ја почитува неговата одлука, поради објективна одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!