Пензионери во Германија/ Фото: Michael Gstettenbauer / imago stock&people / Profimedia

Да се пресметаат посебни потрошувачки кошнички – за самец, за млад брачен пар, за тричлено и четиричлено семејство и за пензионери, побара Мицкоски

Треба да се пресметаат посебни потрошувачки кошнички – за самец, за млад брачен пар, за тричлено и четиричлено семејство и за пензионери, зашто трошоците на овие категории граѓани не се сити и не треба еднакво да се третираат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски останува на ставот дека е потребно изготвување и т.н. унифицирана потрошувачка кошница која, како што изјави, ќе одговара на потребите на граѓаните и ќе даде вистински одговор на сите дилеми што се појавуваат поради сомневање за одредена субјективност на едната или другата страна.

-Апсолутно стојам на тој став и на последната седница на Економско-социјалниот совет имавме дискусија по ова прашање. Мислам дека со Министерството за економија и труд има веќе Работна група која комуницира. Мислам дека треба да излеземе заедно со Државниот завод за статистика и други институции со унифицирана потрошувачка кошничка која ќе даде вистински одговор на сите дилеми што се појавуваат поради сомневање за одредена субјективност на едната или другата страна. Генерално, таква кошница која ќе одговара на потребите на граѓаните треба да излезе. Уште стојам на ставот дека мораме како втора пресметка да направиме пресметка и за потрошувачка кошница за самец, млад брачен пар, тричлено и четиричлено семејство и пензионери. Сето ова треба да го имаме на ум зашто потребите на малд брачен пар и на пар пензионери не се исти. Не можеме една кошница да се третира како генерална минимална потрошувачка кошница. Кога би ги имале сите овие параметри, мислам дека ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки, изјави премиерот Мицкоски по поставувањето камен-темелник на Дом за стари лица во Општина Зрновци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот