Фото: Слободен печат

„Да ја обновиме шумата за волкот“: Утре во Градски парк од желади ќе се создаваат дабови садници

Утре во Градски парк ќе се одржи едукативниот настан наречен „Да ја обновиме шумата за волкот“, на кој сите присутни ќе имаат можност да научат како од собрани желади под стеблата на дабовите дрва, може да создадат сопствени садници во саксии направени од стари весници.

По една година, овие садници ќе можат да се засадат во природа, придонесувајќи кон обновата на шумите. Садниците ќе бидат засадени во регионот Буковиќ, кој е од витално значење како биолошки коридор за балканскиот рис – информираат од Македонското еколошко друштво, кои се организатори на настанот заедно со ППНЕА и Регионалната канцеларија на ИУЦН за Источна Европа и Централна Азија,

Создавањето дабови садници ќе започне во 11 часот кај третото езерце во Градскиот парк.

Проектот целосно го поддржа Шведската поштенска фондација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот