Фото: Твитер

„Да бидеме подготвени за секое сценарио“, предупреди белоруската опозиционерка Тихановскаја, по гласините за влошеното здравје на Лукашенко

Белоруската опозициска лидерка во егзил Светлана Тихановскаја ја повика белоруската јавност и меѓународната заедница „да бидат подготвени за секое сценарио“ во услови кога се сè погласни гласините дека здравјето на белорускиот лидер Алјаксандар Лукашенко е сериозно нарушено.

Белорускиот лидер (68) не е виден во јавност од 9 мај, за време на парадата во Москва, но и тогаш изгледаше слабо и уморно, по што отсуствуваше од свечениот ручек што го приреди рускиот претседател Владимир Путин за странските гости. Тој дури ја пропушти и синоќешната церемонија во Белорусија на која требаше да одржи говор пред белоруските воени ветерани од Втората светска војна.

„Се шират многу гласини за здравјето на диктаторот Лукашенко. Треба да бидеме добро подготвени за секое сценарио. Ставете ја Белорусија на патот на демократијата и спречете ја Русија да интервенира“, напиша на Твитер Тихановскаја. Таа додаде дека на Белорусија и треба „меѓународната заедница да биде проактивна и брза“.

Лукашенко, исто така, не присуствуваше на други јавни настани во последните три недели, но нема официјална изјава за неговата здравствена состојба или причините за неговото отсуство. Прес-службата на Лукашенко соопшти само дека тој продолжува да работи „со документи“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот