Д-р Тихомир Цветковиќ: Липолиза – еден од најефикасните третмани во естетската медицина за обликување на телото

Липолизата безмалку може да се применува на целото тело, секаде каде што имаме вишок на масно ткиво. Како најчести регии кои ги бараат пациентите се мастите на стомакот, слабините, глутеалната регија, бутовите и подбрадокот.

Неправилната исхрана, стресот, недостатокот на физичка активност, се дел од причините поради кои се појавуваат вишок килограми, а понекогаш ни диетите ни вежбањето не можат да помогнат нашето тело да изгледа онака како што посакуваме. Дури и кога ќе се израдуваме на загубените неколку килограми, масните наслаги се сè уште тука и не можат да се „стопат“ на некои делови од телото. Тогаш, настапува липолизата.

За тоа што е липолиза, кому се препорачува, на кои делови на телото најчесто се применува и дали станува збор за безболна метода, разговараме со д-р Тихомир Цветковиќ од ординација „Дерма плус“.    

Што поточно значи третманот за слабеење со липолиза?

– Липолиза го означува процесот на разложување на клетките на масното ткиво. Таа може да е асистирана и неасистирана во однос на тоа како настанува процесот. Неасистирана верзија е преку диети, спорт и воедно здрав начин на живот, каде што нашиот метаболизам природно ги „топи“ внатрешните маснотии. Од друга страна, асистирана липолиза означува процес на вбрзигување на конкретни липолитички коктели, кои ги распрснуваат мембраните на овие клетки.

На кои делови на телото липолизата најчесто се применува?

– Овој метод безмалку може да се применува на целото тело, секаде каде што имаме вишок на масно ткиво. Како најчести регии кои ни ги бараат пациентите се мастите на стомакот, слабините, глутеалната регија, бутовите и подбрадокот.

Д-р Тихомир Цветковиќ

Еден од проблемите кои често ги мачат жените и мажите е локализација на масните наслаги на подбрадокот. Дали овие проблеми можат да се решат со липолиза и дали методот е безболен?

– Апсолутно да и на двата дела од прашањето. Липолизата е можеби најсоодветниот метод за работа на таква сензитивна регија. Во нашата ординација располагаме со липолитички коктели, кои се различни од оние кои се нанесуваат на другите регии од телото, тоа би значело дека освен липолитички имаат и затегнувачки ефект. Методот е безбеден, безболен, а резултатите се гледаат многу набрзо по само неколку третмани.

Колку трае третманот и колку третмани треба да се направат?

– Времетраењето на третманот зависи од регијата која ја работиме. Меѓутоа, разликата во големините на региите се преведува во минути. Во просек 20-тина минути е доволно за да се изработи една регија во просек. Честотата на правењето на овие третмани е еднаш на секои 3 и 4 недели. Првите реални ефекти и резултати се очекуваат по 8-мата недела.

Дали им се препорачува на сите и има ли несакани дејства?  

– Коктелите се безбедни за секој кој би сакал да намали вишок на масно ткиво на своето тело. Единствено би рекол дека не се препорачува во време на пубертет и бременост. Несаканите дејства од овие третмани се минимални и вклучуваат чувство на пецкање во регијата каде што е боцкано, поради активноста на липолитичките коктели. Освен тоа, модрици или црвенило се исто така честа појава, но во секој случај тие се занемарливи несакани ефекти, кои исчезнуваат по само неколку дена. Најтешките форми на несаканите дејства се од алергиска природа, но тие се исклучително ретки. Во нашата пракса скоро една декада, не сме имале ниту еден таков случај.

Ординација „Дерма плус“, бул. Јане Сандански 84, Скопје

тел. 02 244 6600

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот