
Д-р Мојсова: Кога почнале да го реанимираат Тот, докторката добила срцева акција, но тој бил далеку од спасен
Директорката на КАРИЛ, д-р Маја Мојсова, вечерва на ТВ21 рече дека кога започнало реанимирањето на сега починатиот ракометар Денис Тот, докторката добила срцева акција.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Но, вели Мојсова, и покрај тоа што му проработело срцето, ракометарот и натаму бил далеку од спасен.
„Колешката која била повикана кога го видела, веднаш пристапила кон оживување, цревото за дишење го поврзала, започнала срцева акција. Се даваат лекарства, била песимист со оглед на целокупниот изглед, но била млада, упорна и се работи за млад човек, влогот е секогаш поголем. Добила срцева акција и притисок. Крвен притисок е важен затоа што прави сите органи да живеат“, објаснува д-р Мојсова.
Докторката објаснува дека бидејќи била нејасна смртта, зошто млад човек би бил мртов, се успеало да се направи компјутерска томографија на целото тело.
„Се враќа во живот, добиена срцева акција. Но, на томографијата се гледа дека има страшно отекување на мозокот, кое секогаш е поврзано со смрт, и дека нема скршеници на ниту еден дел од телото“, вели директорката.
Д-р Мојсова, во друго гостување вечерва, на ТВ24, беше децидна дека ракометарот немал видливи траги од насилство, а бил примен во многу тешка состојба – без срцева акција, без притисок и без сатурација – практично мртов.
„Трагите не биле видливи поради немање циркулација, не се забележани модринки, скршеници или повреди на ребра“, вели таа.