Д-р Ненад Лазаров
Д-р Ненад Лазаров /Фото: Фејсбук

Д-р Лазаров повикува на одговорност за пожарот во Тетово: Сите што молчите, може и вас да ве снајде

Д-р Ненад Лазаров повика да се лоцира одговорноста за катастрофалниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, во кој загинаа 14 луѓе.

„Обединете се и самоказнете се, 14 луѓе живи изгореа и не може да нема одговорни! Не забораваме! Сите што молчите може и вас да ве снајде,“ напиша Лазаров на Фејсбук.

Во пожарот на 8 септември изгоре целиот модуларен ковид-центар во тетовската Клиничка болница, а покрај загинатите, имаше и 12 повредени.

Првичната истрага на Обвинителството покажа дека пожарот избил од неисправен продолжен кабел на кој бил приклучен дефибрилатор. Неколку дена по трагедијата, изгорената болница ја истражуваа и независни германски експерти, кои допрва треба да ги презентираат наодите.

Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани по пожарот понудија оставки, а премиерот Зоран Заев по неколку недели соопшти дека не ги прифаќа, затоа што не гледа директна одговорност за пожарот кај нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот