Unsplash
Unsplash

Цветови кои можат да се јадат: Чинија полна здравје и убавина

Покрај сите зеленчуци и овошја, ретко помислувате дека и некои цветови можат да се најдат во вашата чинија, како одлично надополнување на многу јадења.

Цветовите од кромидот и лукот се вкусни во зелена салата, компир салата или комбинација со тестенини и разни сосови.

Младите листови и нерасцветани цветови од глуварчето се подготвуваат заедно со спанаќ, блитва и друг зеленчук како јадење или во салата.

Невенот е едноставен цвет, кој го има во речиси секоја градина, а до неговите цветови можете да го издвоите средниот дел и да го ставите во салата.

Како и тиквичките така и нивните цветови се добар извор на витамин Ц, калиум и фолати. Нежните цветови од тиквички можат да се јадат свежи или во разни салати и да се послужат како декорација во јадењата. Одлични се полнети, особено со рикота.

Камилицата има цветчиња со вкус сличен на јаболката. Од камилица можете да направите и ликер што ќе го користите за изработка на домашен сладолед, но избегнувајте ја ако сте алергични на неа.

Цветот од хибискус како и другите делови од билките се користи за подготовка на џемови, зачини, супи и сосови.

Бозелот е познат како билка од која се прави чај или сок, а помалку е познато дека цветовите можат да се поховаат и да послужат како главно јадење со месо или десерт и компот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот