Црквите во Грција од денеска отворени за литургии за верниците

Предвидено е да има контролирано влегување, да се држи растојание од еден и пол метар, а на влезовите задолжително е да има антисептик.

Πод посебни правила и прописи, црквите во Грција, денеска ги отвораат вратите за литургии со присуство на верници, што воедно ќе биде и вториот тест за Грците, по отворањето на плажите, во однос на почитувањето на мерките и индивидуалната одговорност на секој граѓанин, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е да има контролирано влегување, да се држи растојание од еден и пол метар, а на влезовите задолжително е да има антисептик.

Дозволениот број на верници во внатрешноста е во зависност од големината на црквата, односно едно лице на десет метри квадратни.

Доколку црквата е над 500 метри квадратни дозволени се 50 лица.

Во случај бројот на верници да е поголем од дозволениот во секоја црква, останатите ќе треба да чекаат во дворот.

Според циркуларното писмо испратено од Светиот синод до сите грчки цркви, се препорачува верниците да носат маска, „која секако ќе ја тргнат пред причестувањето”, а на верниците кои припаѓаат на ранливите групи граѓани им се препорачува да избегнуваат излегување од дома.

Со укинување на забраната за движење на граѓаните, од 4 мај годинава, црквите и останатите религиозни објекти во Грција, беа отворени, но само за индивидуални молитви.

Освен литургиите, од денеска дозволени се и религиозни обреди како што се венчавки, крштевања, погреби, а се отвораат и останатите религиозни објекти во земјата.

Конкретните правила, согласно министерска одлука, потпишана од надлежните министри ќе биде во сила до 5 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот