
Централен регистар: Хакирана е нашата Фејсбук страница
Инаку рано изутринава се појави информација дека е хакирана официјалната ФБ страница на Централниот регистар и на која се појавија скандалозни постови.
По објавениот скандалозен статус, на ФБ страницата на Централен регистар, Директорката Марија Бошковска-Јанковски преку својот ФБ профил објави соопштение во кое се вели дека страницата е хакирана.
Препорачано
– Ве молиме објавите кои ќе бидат објавувани од таа страна да ги игнорирате, бидејќи содржините на истата не се став на Централен регистар на Република Северна Македонија. Во моментот се изработува нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени. Воедно страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен реистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие. Овој случај исто така ќе биде пријавен до секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат“, се вели во испратеното соопштение.
Инаку рано изутринава се појави информација дека е хакирана официјалната ФБ страница на Централниот регистар и на која се појавија скандалозни постови.
По оваа порака следуваат и други оставени од некој кој ја хакирал или има пристап за администрирање на оваа ФБ страница.
Од вчера е актуелна аферата со Емил Јакимовски, член на ВМРО ДПМНЕ кој на социјалните мрежи им се заканува на јавни личности. Тој во времето на Груевски е вработен во Централен регистар, а покрај малтретирањето луѓе на социјалните мрежи има проблеми со поведението и законот. Неодамна беше уапсен по кражба на бензинска пумпа.