Цената на златото на највисоко ниво за осум години

Унца злато денеска се тргуваше за 1.778,20 долари.

Новозаболените со Ковид-19 во светот и сомнежот дека набрзо ќе се обнови економијата денеска ја поттикнаа цената на златото да порасне за 0,6 отсто се доближи до највисокото ниво во последните осум години.

Унца злато денеска се тргуваше за 1.778,20 долари, што е највисока од октомври 2012 година. Додека на американските берзи цената на златото е зголемена за 0,7 отсто и унца се тргува за 1.749, 30 долари.

Побарувачката за злато е поттикната од загриженоста поради зголемениот број на инфицирани со новиот коронавирус.

Централните банки низ целиот свет веќе ги зголемија мерките за стимулирање, а и ги задржаа на ниско ниво каматни стапки, со цел да ги ублажат ефектите од пандемијата врз економијата.

Во такво опкружување, инвеститорите сакаат да се осигурат од зголемување на инфлацијата и пад на валутите, така што тие сè повеќе купуваат злато, чија цена годинава забележа пораст за повеќе од 16 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот