
Цената на нафтата порасна за 4 проценти на Лондонската берза
Според проценките на американската инвестициона банка Голдман Сакс договореното намалување на производството не ги одразува вистинските потреби за редукција, бидејќи дневниот вишок на пазарот за нафта е дури 19 милиони барели.
Откако падна договор за ограничување на произвидствити меѓу земјите извозници на нафта на почетокот на отворањето на Лондонската берза цената на нафтата забележа пораст од 4 отсто
Препорачано
Според овој договор, дневното производство на нафта се намалува за 9,7 милиони барели, односно за една десеттина од вкупното дневно глобално производство.
Договорот кој аналитичарите го нарекоа „историски“ би требало да овозможи и натамошен раст на цената на „црното злато“, откако падна на најниско ниво во последниве 18 години, односно на ниво од околу 20 долари за барел.
Ограничувањето на производството би требало да потрае две години, а планирани се и постепени намалувања и ограничено производство во зависност од реагирањето на пазарот за нафта и евентуалното опоравување на светската економија.
Договорот кој беше склучен вчера на сила стапува од 1. мај, што пак ќе им овозможи на производителите и во наредните три недели да продолжат со прекумерно производство. Меѓутоа, според проценките на американската инвестициона банка Голдман Сакс договореното намалување на производството не ги одразува вистинските потреби за редукција, бидејќи дневниот вишок на пазарот за нафта е дури 19 милиони барели.