
Царовска: Преку програмата за самовработување одобрени се вкупно 1.484 грантови
Царовска истакна дека во 2019 година од Буџетот на РСМ се издвоени рекордни 1,3 милијарди денари, што е за 84 отсто повеќе од 2016 година, кога вкупниот Буџет за Оперативниот план за вработување изнесувал 707 милиони денари.
Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска одржа прес-конференција во Владата, каде ги презентираше резултатите од Оперативниот план за програми и мерки за вработување за 2019 година.
Препорачано
-Мора да се каже дека овој план за 2019 година е со исклучителен висок процент на реализација и сметам дека тоа е резултат на добро креираните мерки и програми коишто ги работевме заедно со бизнис секторот, на локално ниво, и ги адаптиравме согласно нивните потребни, се со цел да може преку овие програми да имаме повисока апсорбција на овие мерки. Мора да се каже дека имплементацијата на Оперативниот план за програми и мерки за вработување за 2019 година придонесе за намалување на процентот на невработеноста во нашата држава и може да се каже дека тој денеска изнесува 17, 1 отсто- рече Царовска.
Царовска истакна дека во 2019 година од Буџетот на РСМ се издвоени рекордни 1,3 милијарди денари, што е за 84 отсто повеќе од 2016 година, кога вкупниот Буџет за Оперативниот план за вработување изнесувал 707 милиони денари.
-Преку програмата за самовработување одобрени се вкупно 1.484 грантови, а досега се регистрирани 1.320 микро бизниси од невработени лица, од нив 478 се млади лица, а 439 се жени- потенцираше Царовска.