
ЦУК: Вкупно 1.722 повици на бројот за итни случаи, најмногу кон полицијата
Во текот на вчерашниот ден, Центарот за управување со кризи (ЦУК) добил 1.722 повици на бројот за итни случаи, најмногу кон полицијата. Како што соопшти ЦУК, немало пожари на отворено, само пожари во населени места и сите се изгаснати.
Препорачано
-„Реални“ повици со итност биле 60,63 проценти, останатите 39,37 проценти биле повици за други граѓански потреби за кои немало итност. Најмногу повици биле упатени кон полицијата, повеќе од 42 отсто, кон итната медицинска помош скоро 24 проценти, додека пак најмалку повици добиле кон пожарникарите, нешто над 2 проценти – се вели во соопштението.
Како што соопшти ЦУК, во последното деноноќие немало пожари на отворен простор, туку само пожари во населени места и сите се изгаснати, а пожарникарите помагале при расчистување патишта од паднати дрвја и гранки и извлекување возила од снег и од вода на и покрај патиштата во содејство, координирано, со екипи на другите дежурни екипи од институциите, службите и јавните претпријатија од Системот за управување со кризи (СУК).
Во соопштението се наведува и дека патот во селата Танушевци, Брест и Малино патот е непрооден поради снег и ветер.
-Екипи на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта се на терен и ќе работат на расчистување на патиштата во текот на денешниот ден – додаваат ЦУК.