
ЦУК: Активен еден пожар во Прилепско
Во последното деноноќие пожарникарите изгаснале вкупно 21 пожар на отворено, а активен е еден пожар во Прилепско, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Препорачано
Според известувањата од регионалните центри, во Скопје биле изгаснати десет пожари, во Битола, Струмица и Куманово по два, во Штип четири и во Тетово бил изгаснат еден пожар на отворено.
Пожарникарите од ТППЕ Прилеп вчера гаснеле пожар на нискостеблеста деградирана шума во близина на атарот на село Штавица. ЦУК наведува дека немало опасност пожарот да зафати населени места. Интервенирале пет пожарникари со едно противпожарно возило.
-Поради големината на пожарот и ноќните часови, на терен е останата една екипа за следење на пожарот за да не дојди до негова ескалација, стои во соопштението.
Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
36мин
-
47мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5