Црногорските студенти упатија барања до премиерот на јапонски оти на мајчиниот јазик не ги разбира

Црногорските студенти, кои бараат разрешување на највисоките безбедносни функционери по смртта на тринаесет лица во масовното пукање во Цетиње, ги испратија своите барања до премиерот на јапонски, иронично надевајќи се дека тој ќе ги разбере подобро отколку на својот мајчин јазик.

Студентите бараат разрешување на црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот за одбрана и безбедност Алекса Бечиќ, кои ги сметаат за политички одговорни за крвопролевањето на Нова година на 1 јануари. На протест во Подгорица претставници на неформалната студентска група „Камо сутра?“ преку разглас ги емитуваа барањата на јапонски за да ги слушне премиерот Милојко Спајиќ

„Бидејќи нашиот премиер очигледно не ги разбрал добро барањата на црногорски, српски, хрватски и босански јазик, вечерва ќе ги повториме на неговиот мајчин јазик – јапонски“, рече Итана Драгојевиќ, една од членовите на студентската организација.

Премиерот Спајиќ зборува јапонски, бидејќи живеел и работел во Јапонија. Студентите организираа неколку протести и блокади на патиштата во Подгорица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!