Болница во Индија / Фото: EPA-EFE/IDREES MOHAMMED

Црногорците формираа комисија за контрола на боледувањата

На предлог на Министерството за здравство, Владата на Црна Гора ја усвои одлуката за формирање Национална комисија за контрола на привремената спреченост за работа.

Како што е најавено, задачата на новоформираната Комисија на чело со вицепремиерот за труд, образование, здравство и социјала Срѓан Павиќевиќ е да „идентификува и направи анализа на проблемите и причините за злоупотреба на боледувањето, утврдување приоритети и ефективни мерки и методи во однос на развивање и зајакнување на политиките во оваа област, како и предлагање мерки за подобрување на регулаторната и институционалната рамка во делот на соодветна контрола на привремената попреченост за работа“.

Предвидено е комисијата да се состанува квартално, а по потреба и почесто за да ги реализира задачите и обврските што ги презема формирањето на ова работно тело, пишува Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот