
Цивилна „окупација” на Мариупол: Русите купуваат куќи и станови, градот го сметаат за дел од Русија
По инвазијата на Украина руската војска го срамни со земја градот Мариупол пред да го заземе и почна да гради згради наместо оние кои целосно ги уништи, пренесува хрватски „Јутарњи лист”.
Препорачано
Додека прокремљските медиуми пишуваат како окупираниот град „се враќа во живот” руските интернет страници се преплавени со огласи за недвижности во Мариупол. Независниот руски медиум Бумага разговарал со русите кои бараат куќи и станови во тој украински град, а Медуза, исто така независен руски медиум, ја објави истата сторија.
На руската социјална мрежа ВКонтакти има околу 100 групи скои содржат огласи за купување, продажба и наем на недвижности во окупираниот Мариупол. Во една од најголемите, под име „Недвижности во Мариупол и Прјазовија” пораките од лиц акои сакаат да купат куќи или станови во Мариупол почнале да се појавуваат лани во мај, додека во градот уште имаше тешки борби.

Луѓето кои браат недвижности во Мариупол се од цела Русија, вклучувајќи ги Москва, Санкт Петербург, Краснодар, Краснојарск и Нижњи Новгород. Многу од нив се подготвени за купување куќа во „каква било состојба” и планираат да ја поправат целата штета од гранатирањето. Некои од купувачите рекле дека го сметаат Мариупол за дел од Русија не мислат дека дека купувањето недвижност во окупираниот град е ризична одлука. Исто така, повеќето од тие луѓе рекле дека никогаш не биле во Мариупол. За некои од нив тоа е добра инвестиција и веруваат во светла иднина на градот под руска закрила. Дури мислат дека ќе биде добра дестинација за одмор и туризам, а за Русија мислат дека тоа е град херој.
Некои бараат дом блиску до море со добри еколошки услови и велат дека војната нема да трае бесконечно. Повеќето од нив не се плашат од можни борби во градот и покрај украинската контраофанзива во тој правец.

Руската интернет страница за мали огласи Авито во моментов има 70 огласи за недвижности во Мариупол. Од нив 34 се за станови, 35 за куќи, а еден за деловен простор. Просечната цена за стан е околу 34.000 долари, а за куќа околу 55.000 долари.
Лани градот беше поприште на повеќемесечни борби меѓу руските окупациски сили и украинската војска, а како што соопштија ОН, 90 отсто од станбените згради и 60 отсто од куќите се уништени. ОН потврдија дека таму загинале 1.348 цивили, додека претходно градоначалникот на Мариупол информираше дека во градот се убиени 10.000 луѓе.