
Чупиќ: Суперкупот е поразличен, ова е битка за трофеј
Со денешниот натпревар помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер и официјално започнува новата ракометна сезона кај нас, а битката ќе се води во салата „Јасмин“ во Кавадарци.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Минатата сезона Вардар ја заврши со пораз на домашен од големиот ривал со кој ја загуби титулата, па сега сигурно посакуваат и подобар почеток на новата.
Денешниот натпревар ќе биде и деби на еден официјален натпревар за Иван Чупиќ на клупата на „црвено-црните“.ж
„Почнува борбата за Суперкупот. Имавме малку време да се рекуперираме, а во последно време игравме многу и немавме доволно тренинг, плус се мачиме со повреди. Но, што е тука е – знаеме дека мораме и можеме подобро. Сакам играчите да бидат целосно фокусирани на своите задачи, без притисок и алиби. Играчот што носи дрес на Вардар мора да знае дека тоа е привилегија и обврска. Го почитуваме Пелистер како актуелен шампион, но очекувам поагресивен и подисциплиниран Вардар. Овoj натпревар е сосема различен од пријателските – тоа е борба за трофеј, пред полна сала, и сигурен сум дека ќе видиме вистински ракометен спектакл“, изјави Чупиќ.
Последен пат Вардар и Еурофарм Пелистер во Суперкупот играа пред две години, тогаш вардарци славеа победа со 30:26.