Проф. д-р Ана Чупеска / Фото: ''Слободен печат''/ Драган Митрески

Чупеска: Авантуризам на Владата во надворешната политика, немаат стратегија и анализа

Потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска вечерва во емисијата „Топ тема“ на „Телма“ зборуваше за последните чекори на Владата во надворешната политика и поставеноста на македонската дипломатија во однос на резолуциите во ООН посветени на војната во Украина.

Чупеска осврнувајќи се на коспонзорството на резолуцијата за Украина поддржана од САД и „воздржаното“ гласање за другата резолуција поддржана од ЕУ, рече дека „ние сме во ситуација каде што како земја немаме луксуз за истрчување како тоа што се случи и мора да се покаже одговорност во надворешната политика за мудро да се носат одлуките“.

„Овој излет на владата го сметаме за екскурзија и авантуризам односно за непостоење на таква анализа, стратегија, план којашто би укажала дека ова нешто може некакви бенефити да ни донесе. Следното прашање е доколку ние како земја членка на ОН, како земја стратешки партнер на САД, како асоцијативен субјект во ЕУ, поддржуваме вакви принципи, свесни ли се во ДПМНЕ што тоа значи кога таков принцип би се применил во нашата ситуација“, рече Чупеска.

Таа додаде дека ситуацијата е „многу деликатна“, како и дека Македонија „мора да балансира во односите и со САД и со ЕУ“.

„Македонија е во вакуум од аспект на неизвесност, зашто сепак зависиме од односот и со едните и со другите. Не сме биле во ситуација како сега, и не ни е побарано да бидеме во таква ситуација, а сами сме се истрчале да фаќаме страна за принципите за конкретната декларација. Ова се многу крупни прашања, во променети околности и затоа мора да се гледа државнички, конзистентно и принципиелно пред се. Да не се отколнуваме како држава од принципите или па уште полошо во случајов да поддржуваме принцип, којшто уште утре може да ни се удри од глава, тоа е голем ризик“, додаде Чупеска.

Според неа, што побрзо треба да се консолидира заеднички надворешно-политички став во врска со новите околности, на лидерска средба или на собраниска седница.

„Мислам дека е ургентно во овој момент затоа што немаме простор за било какви екскурзии и авантури, излетувања, затоа што се отвораат и безбедносни прашања“, рече Чупеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот