Фото: ФК Пелистер

„Чкембари“ возвратија на ФФМ: Не сте добредојдени!

По натпреварот кој во саботата го одиграа Пелистер и Вардар во фудбалската јавноста актуелна е „војната“ со соопштение помеѓу битолскиот клуб и Фудбалска федерација на Македонија.

Пелистер по натпреварот изрази незадоволството од арбитражата на нивните последни два натпревари во кои играа со Вардар и Шкупи, а потоа стигна одговор од федерацијата. Сега се огласи навивачката група на Пелистер, „Чкембари“ кој реагираше на претходното соопштение на ФФМ.

,,Наместо да се извинат за ,,грешките”(читај наредбите) на судите, апашите од федерацијата ја префрлат топката на место кај што воопшто не треба.

Атмосферата што НИЕ ја приредивме на стадионот Под Тумбе Кафе, никогаш потивка и подостоинствена, во чест на невините изгубени млади животи. На терен, тоа што ВИЕ го приредивте, НИКОГАШ ПОНЕДОСТОИНСТВЕНО!!!

Во немоќ на кажувањето на вистината вие се одлучивте со најдобрата тактика која е одраз на вашето криминално водење “нападот е најдобра одбрана”.

Масари и слични сите на тебе, читајте што ви пишуваме, доаѓа Септември! НЕ СТЕ ДОБРЕДОЈДЕНИ!!!”, стои во објавата.

ФФМ одговори на реакцијата на ФК Пелистер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!