Станбени згради во Хрватска/ Фото: EPA/MAURITZ ANTIN

Чистењето згради станува сè попрофитабилен бизнис во Србија

Со 365 активни компании во оваа индустрија, вкупната добивка на секторот во 2023 година изнесуваше повеќе од половина милијарда динари – дури четири пати повеќе од претходната година. Во последните три години, приходите на секторот се зголемија за повеќе од две и пол милијарди динари, достигнувајќи 10,7 милијарди. Неколку фактори стојат зад овој раст: поголема свест за важноста на хигиената, зголемување на бројот на сложени објекти кои бараат професионални услуги, но и сè почестата одлука на компаниите да ја препуштат оваа услуга на надворешни тимови. Меѓу успешните примери во овој бизнис е компанија од Белград предводена од претприемачката Бојана Роќен Даниловиќ, која го дуплираше својот промет само во првите три месеци од оваа година, пишува Каматица.

– Клиентите сè повеќе ја ценат транспарентноста, точноста и сигурноста, кои се наши клучни адути – објаснува таа.

-Генерално, недостасува системска поддршка за услужни дејности како нашата, што би помогнало за побрз развој на секторот и раст на вработеноста. Одржувањето на хигиената е клучно за јавното здравје и треба повеќе да се препознава, бидејќи инвестициите во оваа област директно влијаат на квалитетот на животот и работата на граѓаните – вели Роќен Даниловиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот