Училиште / фото: илустрација

Четворица ученици претепале врсник во школски двор во Тетово, завршил во болница

Во брутален напад на четворица средношколци од друго училиште, во тетовски школски двор вчера бил претепан ученик, кој поради повредите бил префрлен во болница, соопшти полицијата.

„На 30.05.2025 година во 13:05 часот во СВР Тетово, Г.Ш. од градот пријавил нарушување на јавниот ред и мир во дворот на тетовско средно училиште, во кое нивен малолетен ученик бил физички нападнат од четворица малолетници ученици од друго средно училиште, по што нивниот ученик бил префрлен во Клиничката болница во Тетово за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот