Железница - Бугарија / фото: Фејсбук / НКЖИ

Четворица обвинети за огромна измама во Бугарија, проневериле 94,5 милиони европски евра

Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Софија покрена обвинение против четири лица во врска со случајот за измама од 94,5 милиони евра со бугарската железница, јавува „БТВ“.

Парите биле наменети за проектирање и изградба на сигнален и телекомуникациски систем на железничката делница Пловдив-Бургас, како дел од проектот финансиран од Европската унија (ЕУ).

Обвинението опфаќа конзорциум од четири компании, а меѓу обвинетите има двајца управители на италијанска компанија и управител на бугарска компанија, како и поранешниот директор на Националната компанија за железничка инфраструктура (НКРИ), пишува бугарскиот сајт.

На тројца од обвинетите им е одредена гаранција од 50.000 евра, додека на четвртообвинетиот 5.000 евра. На бугарскиот менаџер му е изречена и забрана за напуштање на државата.

Според ЕPПО, компаниите вклучени во конзорциумот доставиле лажни информации до НРИЦ за да обезбедат договор за јавна набавка и средства од ЕУ. ЕPPО, независно тело формирано за заштита на финансиските интереси на ЕУ, игра клучна улога во истрагата и гонењето на кривичните дела кои вклучуваат злоупотреба на фондовите на ЕУ, според веб-страницата Новините, пренесе Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот