Горе лево кон десно: Хосам Ел-Масри, Мохамед Салама, Моаз Абу Таха, Маријам Абу Дака

Четворица новинари убиени во израелски „двоен“ напад врз болница во Газа

Четворица новинари се убиени во неодамнешниот израелски напад врз болницата Насер во Газа.

Снимателот Хусам ал-Масри, ангажиран во агенцијата Ројтерс, беше убиен во првиот ракетен напад врз комплексот во Кан Јунис утрово.

Една од најистакнатите фоторепортерки во Газа, Маријам Абу Дага, снимателот на Ал Џезира Мохамед Салама и фоторепортерот Моаз Абу Таха исто така беа убиени во вториот напад, кој беше емитуван во живо на телевизија.

Тие беа меѓу најмалку 15-те лица убиени од Израел, кој прво испали една ракета, а потоа уште една неколку моменти подоцна, додека пристигнуваа спасувачките екипи, пишува Метро.ук.

Фотографот Хатем Халед, кој исто така работи за Ројтерс, беше ранет во вториот напад.

Речиси 270 новинари и медиумски работници беа убиени од Израел во 22 месеци војна – или околу 13 новинари секој месец – според пресметката на Ширен.пс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот