Фото: Pexels/ Nataliya Vaitkevich

Четири незаборавни минути: Експертите го откриваат трикот за најдобра предигра

Колку подолго сме во врска со истиот партнер, толку е поголема веројатноста дека со текот на времето таа ќе стане малку монотона, а тоа особено важи за сексуалниот живот. Сепак, тоа не значи дека треба да се задоволиме со просечен секс, затоа што така функционираат работите.

Експертот за секс, Вернита Грифит, откри едноставен совет за сите парови кои сакаат да ја зачинат својата сексуална рутина. Станува збор за 4-минутна предигра, која би можела да има револуционерно влијание врз сексуалниот живот на двојките и да им овозможи да ги разбудат заспаните страсти. Грифит ги советува паровите да го вклучат тајмерот на телефонот и да го искористат времето наизменично да му прават што сакаат на својот партнер. Се разбира, и двајцата треба да се согласни со тоа.

Можеби не звучи револуционерно, но тајната лежи токму во тие четири минути во кои партнерите имаат можност да се изненадат. Самото знаење дека имаат ограничено време на располагање, додава доза на дополнителна возбуда за целото искуство.

Ако доволно му верувате на партнерот, дајте му слобода да прави што сака со вашето тело. Оваа едноставна игра ја подобрува интимноста и внесува возбуда во вашиот сексуален живот. Како што истакнува експертот, важно е партнерите добро да се познаваат како и своите меѓусебните сексуални потреби за и двајцата да се чувствуваат удобно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот