Банкомат/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Четири бесплатни подигнувања од банкомати на други банки – нов предлог на Народната банка

Народната банка најави нова мерка со која граѓаните ќе имаат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција.

Гувернерот Трајко Славески објасни дека целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика во која банка имаат сметка. Мерката треба да стапи во сила на почетокот на 2026 година.

– Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал обем. Препорачливо е дома да се има готовина за основните потреби за период од неколку дена до недела. Приврзаниците на кешот ја истакнуваат неговата анонимност и слобода, што е став кој треба да се почитува – порача Славески на социјалната мрежа X.

Паралелно, Народната банка најави иницијатива за создавање национална мрежа на банкомати, која ќе се потпира на постојната инфраструктура на банките, со план за надградба и оптимизација. Националната мрежа е планирано да профункционира до крајот на 2026 година, со цел да се надмине нерамномерната покриеност со банкомати низ земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот