Фото: Chelsea FC/X

Челси ќе биде казнет, „сините“ 74 пати ги прекршиле правилата на ФА

Англискиот премиерлигаш Челси се соочува со дури 74 прекршувања на правилата на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) во периодот кога клубот беше под водство на рускиот милијардер Роман Абрамович.

Според информациите, прекршувањата се однесуваат на трансфери, соработка со фудбалски агенти и вложувања од трети страни, и се случувале во периодот од 2009 до 2022 година.

Она што е посебно интересно е дека на нерегуларностите први укажале токму сегашните американски сопственици на клубот. Тие, при деталната анализа по преземањето на управувањето со Челси, ги откриле сомнителните активности и веднаш ја информирале ФА, со цел јасно да стават до знаење дека неправилностите се случувале пред нивното доаѓање.

Клубот има рок до 19 септември да достави официјален одговор на обвиненијата. Иако за вакви случаи може да следува и санкција во вид на одземање бодови, очекувањата се дека, поради транспарентниот пристап и соработката со истражните органи, Челси ќе се соочи само со парична казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот