Фото: Screenshot /X

Челси договори тандем од Спортинг за кој ќе потроши 74 милиони евра

Eкипата на Челси успеа да ги договори двајцата млади фудбалери на Спортинг, Џовани Куенда и Дарио Есуго за кои ќе потроши 74 милиони евра.

Според информациите на италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо двете зделки се завршени, но фудбалерите нема веднаш да се преселат на „Стенфорд бриџ“.

Куенда кој има 19 години е договорен да пристигне летото 2026 година и тој е платен 52 милиони евра, додека една година постариот Есуго вреди 22 милиони евра и тој ќе пристигне ова лето.

Очекувањата се поголеми од Куенда кој игра на позицијата десно крило и оваа сезона се афирмираше во првиот тим на португалскиот гигант, Есуго пак во овој моемнт е на позајмица во шпанскиот Лас Палмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот