фото: Слободен Печат

Чавков доби уставно ЈОК за амнестијата за „крвавиот четврток“

Уставниот суд ја одби иницијативата за поведување на постапка која се однесува на амнестијата од страна на Парламентот за „крвавиот четврток“.

– Уставниот суд не може да се стави на местото на Собранието на Македонија. Собранието има право за кој може, а за кој не може да има амнестија. Подносител на оваа иницијатива е Митко Чавков, осуден за „крвавиот четврток“, рече на денешната седница на Уставниот суд судија Владимир Стојановски.

Тој ова го рече по однос на преставката од Чавков до Уставен суд кој ги оспори членот 1 и 2 од Законот за амнестија. Подносителот на иницијативата според поднесеното сметал дека се повредувале членовите 8 и 9 од Уставот на Македонија.

Судијата Осман Кадриу пак рече дека подносителот е лишен од едно уставно право, односно е лишен од слобода.

– Дали во овој случај законот содржи дискриминација? Подносителот тврди дека не бил еднаков третманот на посочениот настан кој е познат како „крвавиот четврток“. Амнестијата е акт на милост. Токму амнестијата е во надлежност само на Парламентот, а другите правни норми како помилување и аболиција  се во надлежност на шефот на државата. Амнестијата се дава со закон кој го донесува Парламентот и не се дава на лица со име и презиме, туку групно и за конкретни кривични дела – рече Кадриу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот