
Чави во јануари ќе добие две засилувања
Тренерот на Барселона, Чави Ернанез, доби гаранции од управата дека во зимскиот преоден рок екипата ќе биде засилена со две нови имиња, а на лето ќе биде спроведен целосен ремонт.
Препорачано
Новинарот Фабрицио Романо, денеска потврди дека Феран Торес останува главен приоритет за управата на Барселона во зимскиот преоден рок.
Планот на Лапорта е обесштетувањето од 50 милиони евра да го плати во неколку рати, а не оддеднаш како што бараат „граѓаните“.
Доколку не се договори со Сити, Лапорта во јануари ќе се обиде да го ангажира Хаким Зијех кој и во минатото се поврзуваше со трансфер во Барселона и кој би бил поевтина опција од Торес.
За очекување е во зимскиот преоден рок на „Камп Ноу“ да пристигне и Единсон Кавани кој падна во втор план во Манчестер јунајтед е по секоја цена сака да си замине од „Олд трафорд“.
Сепак, ова не е крај на планираните засилувања, неколку медиуми објавија дека Барселона постигнала преддоговор со десниот бек на Ајакс, Нусар Мазрауи кој на 1 јануари ќе влезе во последните шест месеци од договорот и ќе може да преговара и да потпише за заинтересираните екипи. Планот на Лапорта е откако ќе се договори до Мазрауи, на Ајакс да му понуди симболично обесштетување. Доколку холандскиот тим ја одбие понудата, тогаш бекот на лето ќе се пресели на „Камп Ноу“.