Фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Чави: Си заминувам од Барселона на крајот од сезоната

По денешниот пораз на Барселона од екипата на Виљареал, тренерот Чави Ернандез потврди дека ќе ја напушти клупата на каталонскиот гигант со завршувањето на актуелната сезона.

Барселона минува низ лош период, а титулата во Ла Лига е се подалеку бидејќи веќе заостануваат десет бода зад Реал Мадрид. Чави на денешната прес-конферанција соопшти дека ќе биде тренер на Барселона до 30-ти јуни.

„Ќе си заминам од Барселона во јуни. Стигнавме до точка по која нема враќање, време е за промена во клубот. Разговарав со раководството денеска, ќе си заминам на 30-ти јуни“, изјави Чави.

На клупата на Барселона Чави пристигна во 2021 година откако претходно успешно го водеше тимот на Ал-Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот