
Централниот комитет на СИРИЗА го усвои предлогот за гласање недоверба на лидерот Каселакис
Со 163 гласа „за“ и 120 „против“ членовите на Централниот комитет на СИРИЗА денеска го одобрија предлогот да се гласа недоверба на лидерот на партијата Стефанос Каселакис, јави дописничката на МИА од Атина.
Препорачано
Предлогот за гласање недоверба на лидерот беше доставен вчера од партиската фракција, т.н. „Група 87“, а за да се усвои предлогот беа потребни 148 позитивни гласа од вкупно 300 членови на Централниот комитет.
Станува збор за критично гласање што ќе ја одреди иднината на грчката опозициска партија, која во изминатиот период се соочува со низа внатрешни проблеми и несогласувања.
Како што пишуваат грчките медиуми, статутот на партијата предвидува, во случај Централниот комитет да му изгласа недоверба на лидерот со 50 отсто плус еден глас, тогаш се свикува вонреден конгрес, во рок од најмногу три месеци.
Стефанос Каселакис беше избран за лидер на СИРИЗА на крајот на септември минатата година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
7час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5