Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Центарци и онлајн можат да предлагаат проекти за буџетот за 2023

Сите жители на општина Центар кои не присуствувале на трибините „Заедно одлучуваме“, на кои граѓаните на средба со градоначалникот Горан Герасимовски, предлагаат проекти и ги посочуваат проблемите во своите населби тоа можат да го сторат и онлајн.

Пополнување на Анкетниот прашалник овозможува зголемено учество на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво и подготовка на програмите за работа и буџетот на Општина Центар за 2023 година. Учество на Анкетниот прашалник можат да земат сите жители на општината и да предложат дополнителни проекти и истите по важност да се приоретизираат. Воедно одговорите на овој прашалник ќе бидат разгледани и според важноста и потребите вградени во креирањето на општинските програми за работа за следната година – информираат од Општина Центар.

Граѓаните можат да го пополнат анкетниот прашалник за креирање на програмите за работа на општина Центар за 2023 годинa на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfyIW0wtYpXGVj9DdJHM8w-8USpoTM70_ptZ5K_MFWhT_YdQA/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот