
Центар ги вклучи шмрковите: Исчистен просторот околу контејнерите во Буњаковец и Дебар Маало
Општина Центар утринава започна со акција за миење и чистење на просторот околу контејнерите во населбите Буњаковец и Дебар Маало, со цел подобрување на јавната хигиена и овозможување почиста и поздрава средина за граѓаните, активност која всушност е обврска на ЈП „Комунална хигиена“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека чистите улици не се прашање само на изглед, туки и на здравје и квалитет на живот, а приоритет на општината е да биде место кадешто хигиената и редот се видливи на секој чекор. Тој истакна дека Општината секојдневно вложува напори да создаде уредна средина во која граѓаните ќе се чувствуваат пријатно.
По завршување на чистењето на контејнерите, општинските служби спроведуваат дополнителни активности за миење на површините околу нив, со што се спречува ширење на непријатни миризби и се намалува ризикот од појава на нечистотии и зараза. На овој начин обезбедуваме поголема хигиена на јавните простори и го унапредуваме квалитетот на живот на граѓаните. Нашата цел е Центар да биде пример за чиста и уредена општина, бидејќи секој граѓанин заслужува да живее во здраво и уредено опкружување. Преку овие активности го подигнуваме како нивото на јавната хигиена, така и свеста кај граѓаните“, вели Герасимовски.
Акцијата продолжува и во текот на утрешниот ден во други две населби во Центар.