гардероба секој ден
Фото: Профимедиа

Цените на половна облека со потпис на Армани вртоглаво растат

Само еден ден по веста за неговата смрт, најголемата европска платформа за половна облека Vinted забележа речиси три пати поголем број пребарувања за терминот „Армани“.
Светот на модата се збогува со големиот Џорџо Армани, а неговата смрт веднаш предизвика вистинска возбуда на пазарот на половна облека. Онлајн платформите забележуваат неверојатен пораст во потрагата по винтиџ парчиња што го носат неговиот потпис, бидејќи обожавателите и колекционерите се обидуваат да обезбедат дел од историјата на модата. Армани, кој остана на чело на својата модна куќа до 91 година, остави неизбришлива трага, од висока мода до попристапни линии како што е Emporio Armani, пишува Bizlife.

Сличен тренд е видлив и од другата страна на Атлантикот, каде што американскиот луксузен сајт The Real Real објави скок на пребарувањата од дури 212 проценти. Податоците од Google Trends, исто така, го потврдуваат глобалниот интерес, при што пребарувањата за „винтиџ Армани“ се зголемуваат, особено во родната Италија на дизајнерот и во Обединетото Кралство. Понудата на пазарот расте.

Корисниците на популарните апликации за препродажба брзо реагираа. Голем број нови реклами веќе се појавија на платформата Vestiaire Collective. Меѓу нив се издвојуваат црна свилена јакна од 1990-тите за околу 310 евра и кожна јакна со зајачко крзно од 2002 година за околу 720 евра, што покажува дека сопствениците препознаваат можност за продажба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот