Мила Царовска/ фото МИА

Царовска: Врвен приоритет создавање квалитетно образование достапно за секое дете

Вложувањето во создавање квалитетно образование достапно за секое дете е наш врвен приоритет, а дел од овие процеси и напори е и проектот „Подобрување на квалитетот на образованието” кој МОН во партнерство со GOPA ќе го спроведува во следните две години. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска на воведниот состанок за започнување на проектот.

– Квалитетно и инклузивно образование можеме да создаваме исклучиво со мотивирани и добро обучени наставници. Токму и тоа е основната цел на проектот, да го подобри образованиот систем преку инвестирање во професионалниот и кариерен развој на наставниците со цел да се понуди сеопфатно, квалитетно и инклузивно образование за сите, рече Царовска.

Проектот во целиот овој процес на осовременување на образовниот систем во Северна Македонија се очекува да го зајакне системот за професионален развој на наставниците и стручните соработници во согласност со професионалните компетенции и стандарди во средното, односно гимназиско и стручно образование. Да го поддржи системското зајакнување на развој и спроведување на ИКТ и дигитални вештини и компетенции во образованието, но и нешто што е многу важно, да се зајакне спроведувањето на инклузивното образование во професионалниот развој на наставниците, во согласност со Концептот за инклузивно образование, соопшти МОН.

Предвидените средства кои се од ИПА 2 програмата за реализација на проктот се во висина од 1,3 милиони евра.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот