Клемес Фист/ Foto: Peter Kneffel/dpa

Царинската војна може да предизвика светска економска криза, предупредува германски економист

Царинската војна на американскиот претседател Доналд Трамп може да ја „запали“ светската економска криза, предупреди Клеменс Фист, претседател на влијателниот економски институт Ифо, пренесе Dpa.

Тарифната војна може да доведе до забрзано ширење на протекционизмот и во Кина и во Европа, изјави Фист за „Зидојче цајтунг“.

„Кога сите одат во погрешна насока, можна е голема криза“, додава тој.

Трамп го суспендираше воведувањето царини за повеќето трговски партнери на 90 дена, но затоа уште повеќе ја заостри контролата врз Пекинг. Американците сега сакаат да воведат царини за кинескиот увоз со стапка од 145 отсто, а Кина одговори со зголемување на царината за американскиот увоз на 125 отсто.

Фист оценува дека ескалацијата со Кина продолжува и дека неизвесноста е пролонгирана.

Според него, посебна закана е тоа што САД, како најголем пазар во светот, ја уништуваат својата репутација на доверлив партнер. „Каматните стапки на САД се зголемуваат, а доларот паѓа. Тоа е повик за будење“, вели тој.

Имено, две третини од берзанската капитализација се вртат околу американската берза, а доларот е сидро на глобалната валута. „Ако сето ова се измеша, последиците ќе бидат несогледливи“, нагласува економистот.

Фист оценува дека е можно Трамп да попуштил поради реакцијата на американскиот пазар на државни обврзници и дека пазарот ги покажал своите мускули да ги сигнализира границите на политиката.

„Кога владите се однесуваат непредвидливо и деструктивно, пазарот им ги одзема парите и довербата“, заклучува Фист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот