Нвидиа / Фото EPA/RITCHIE B. TONGO

Царините на Трамп за Кина ја чинат „Нвидиа“ 5,5 милијарди долари

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ загуби над 6% од вредноста на акциите откако објави дека ќе се соочи со трошоци од 5,5 милијарди долари поради новите ограничувања за извоз кон Кина, воведени од американските власти.

Компанијата ќе мора да добива лиценци за извоз на својот популарен H20 AI чип, наменет за развој на вештачка интелигенција.

Новите правила се дел од продлабочувањето на трговската војна меѓу САД и Кина, во која двете земји наметнаа високи царини за меѓусебна трговија. „Нвидиа“ соопшти дека владините претставници ѝ најавиле дека новите ограничувања ќе важат на неодредено време, поради ризикот чиповите да се користат во кинески суперкомпјутери.

Пазарот реагираше веднаш – акциите на „Нвидиа“ паднаа за 6,5%, додека индексот „Насдак“, на кој котира компанијата, се намали за 2,3%. Според проценките, најголемиот дел од трошоците се поврзани со залихи, договори за набавка и резерви за H20 чиповите.

Иако аналитичарите сметаат дека „Нвидиа“ може да ги поднесе овие финансиски удари, предупредуваат дека долгорочното раздвојување на синџирите на снабдување за полупроводници меѓу САД и Кина може да има глобални последици. Некои предвидуваат дека би можело да дојде до ревизија на тарифната политика, бидејќи ударот не го чувствува само „Нвидиа“, туку и пошироката американска индустрија за полупроводници и чипови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот