Катерина Цаневска Арсовска / Фото: СДСМ

Цаневска Арсовска: Орце фантазираше за возот по кејот на Вардар, а сега лаже и дека EXIT ќе се сели во Скопје

Скопје заслужува сериозни културни политики, реални проекти и искрена визија за развој, а не евтини кампањски трикови и измислици за дневна употреба, порача денеска на прес-конференција кандидатката за советничка и носителка на листата на СДСМ и Коалицијата во Град Скопје, Катерина Цаневска Арсовска.

Таа го обвини кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, за „лажни ветувања и манипулации“, нагласувајќи дека најновиот негов настап – за наводно преместување на светскиот фестивал „EXIT“ во Скопје – бил демантиран од самите организатори.

„ЕГЗИТ“ контра Ѓорѓиевски: Не го селиме фестивалот во Скопје

– Откако фантазираше за воз по кејот на Вардар и невозможен парк во Вардариште, сега ја кажа најновата лага, дека светскиот фестивал „EXIT“ ќе се сели во Скопје, ама само ако тој победи – изјави Цаневска Арсовска.

Според неа, лагата е „прво оружје на оние кои немаат визија, план и капацитет да испорачаат решенија“. Таа порача дека граѓаните на Скопје заслужуваат чесен однос и решенија за реалните проблеми, а не манипулации.

– Градот не е играчка, туку дом на луѓе кои очекуваат вистински решенија. СДСМ го повикува Ѓорѓиевски веднаш да престане со лагите – додаде Цаневска Арсовска.

Ѓорѓиевски: „Егзит“ доаѓа во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот