фото: kfshkendija.com

Цаке: Доминиравме против квалитетниот ФЦСБ – зошто да не победиме и во Букурешт

Фудбалерите на Шкендија остварија голема и важна победа во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите во Скопје против ФЦСБ од Романија со 1:0.

Избраниците на тренерот Јетон Беќири покажаа храбра игра против поранешниот европски шампион и имаат убава шанса ова лето да испишат историја за клубот и за македонскиот фудбал.

Доколку тетовските „црвено-црни“ ја одбранат предност на реваншот закажан за 30 јули во Букурешт од 19.30 часот, ќе имаат најмалку обезбеден настап во групите на Конференциската лига на УЕФА.

Своите импресии по првиот меч ги сподели еден од столбовите во одбраната на ФК Шкендија, албанскиот интернационалец Клисман Цаке:

– Многу сум среќен, натпреварот беше многу тежок за нас, но успеавме да победиме против еден квалитетен тим. Не само што победивме во мечот, покажавме и доминација. Имавме шанси да го зголемиме водството, но на крајот се заврши со резултат 1:0 пред реваншот во Букурешт. Ќе се обидеме да ја одбраниме предноста, а зошто да не победиме и таму и да се пласираме понатаму, што е и наша цел и пласман во групите на Конференциската лига – рече Цаке по завршувањето на мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот