
Бурно е во Турција: Галатасарај го обвини Мурињо за расизам
Жозе Мурињо во последниот период често пати го привлекуваше вниманието поради критиките за судењето во Турција, а веројатно поради неговите реакции Фудбалскиот сојуз на оваа земја се одлучи вчерашното дерби да го суди странски судија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Изборот падна на словенечкиот арбитар Славко Винчиќ, а на крајот средбата заврши без погодоци. По натпреварот Мурињо откри дека влегол во соблекувалната на Винчиќ по натпреварот и му честитал за добро завршената работа.
Но, сега реакции има од таборот на Галатасарај. Имено од клубот најавија дека ќе го тужат Мурињо поради расизам.
„Денеска неговиот дискурс ескалираше. Официјално можеме да објавиме дека ќе поднесеме кривична тужба во врска со расистички изјави на Жозе Мурињо и ќе поднесеме извештај до ФИФА и УЕФА“, стои во соопштението.
Причина за ваквата реакција на Галатасарај е изјавата на Мурињо во која го критикуваше однесувањето на клупата на Галатасарај велејќи дека „скокаат како мајмуни“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5