Фото: Принтскрин

„Бунт против истребување“: Заштита на климата или вовед во насилство?

Активистите на „Бунт против истребување“ протестираат ширум светот. Сакаат да го свртат вниманието кон „климатската катастрофа“ и се подготвени, како што велат, дури и да ги прекршат законите, анализира Дојче Веле.

Германските политичари предупредуваат: Заштитата на климата не е оправдание за насилство! Акциите се одржуваат ширум светот, во големите градови како Берлин, Лондон, Париз, Мадрид, Амстердам, Њујорк, Мелбурн…Активистите за заштита на климата „Бунт против истребување“ во Берлин во понеделникот блокирале една од најважните сообраќајници во главниот град на Германија.

Неколку часа пред почетокот на акцијата, според информации од полицијата, на улиците во Берлин имало околу 1.000 активисти.

Групата „Бунт против истребување“ своите акции првобитно ги започна во Велика Британија.

Според информациите на оваа група, од ноември минатата година тие постојат и во Германија. Меѓу другото, тие бараат националната влада веднаш да прогласи „климатска вонредна состојба“.
Според нивното мислење, сите политички одлуки кои стојат на патот за надминување на климатската криза мора да бидат ревидирани.

Веќе до 2025 година сите емисии на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, а кои ги предизвикува човекот мораат да бидат намалени на нула – ова се барањата на таа група.

– Ја нарушуваме секојдневната рутина која ги уништува основите за наш живот. Ги продолжуваме протестите се додека владите примерно не реагираат“, соопштија членовите на групата образложувајќи ги причините поради кои одлучиле да ги блокираат улиците.

„Не гледаме друг излез“

Ева Ескос Јунг од  „Бунт против истребување“ уште на првиот ден на протестот во Берлин истакна дека „почнува глобален бунт“.

– Денеска почнува глобален бунт против изумирањето. Ќе го попреиме сообраќајот, бидејќи не гледаме друг излез за да спроведиме сеопфатни и длабоки промени кои ќе ја спасат климата – изјавила Ева.

Ескос Јунг додава дека климатската политиката на владата во Берлин потфрлила.

– Шумите горат, нивото на морето расте, киселоста на океанот е се поголема, а ширум светот дивите животни масовно изумираат. На човештвото му се заканува катастрофа опасна по живот. Ескос Јунг додава дека „Extinction Rebellion“ не користи насилством туку креативност.

За разлика од движењето „Петоци за иднината“, активистите на  Бунт против истребување“, според најновите сопсвени најави, се подготвени да ги прекршат законите за да изнесат свои барања. Легалните демонстрации и парламентарни процеси во изминативе 30 години не довеле до неопходни промени, јавуваат организаторите.

Сепак, како што нагласуваат, сите акции кои се изведуваат мораат да поминат мирно. За тоа да се случи треба да се погрижат медијатори, чија задача е да спречат конфикти со полицијата или возачите на автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот