Booking.com

Повеќе од 10.000 хотели го тужат „Букинг“

Повеќе од 10.000 хотели низ Европа се приклучија на групна тужба против платформата за онлајн резервации Букинг, тврдејќи дека со години компанијата ја ограничувала можноста на угостителите да нудат пониски цени за своите услуги на други продажни канали, па дури и на сопствените веб-страници.
Според обвинителите, таквата практика е спротивна на прописите на Европската Унија.

Колективната тужба ја покрена Европското здружение на хотелската индустрија Hotrek, пишува „NL Times“, објави Танјуг, пренесе Каматица.

„Европските хотелиери страдаат со години поради нефер услови и прекумерни трошоци. Сега е моментот заедно да се бориме за обесштетување“, рече претседателот на таа организација, Александрос Василикос.

Дополнително, холандската организација за заштита на потрошувачите Konzumentenbond објави паралелна масовна тужба во име на гостите кои потенцијално биле оштетени.

Во првата недела од поднесувањето, околу 180.000 потрошувачи изразија подготвеност да се приклучат на тужбата. Компанијата Букинг со седиште во Амстердам ги отфрли обвинувањата уште во јули и верува дека станува збор за погрешно толкување на претходните судски пресуди.

Портпаролот на компанијата изјави дека „апсолутна бесмислица е да се тврди дека Букинг вештачки ги зголемил цените“. Европскиот суд на правдата минатата година пресуди дека таканаречените клаузули за паритет на цените – кои им забранувале на хотелите да нудат пониски цени надвор од платформата на Букинг – се излишни и потенцијално штетни за конкуренцијата на пазарот.

Компанијата тврди дека ваквите одредби не се автоматски нелегални, но Букинг ги отстранил од своите европски операции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот