Црногорска полиција/ Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Буиќ, еден од водачите на барскиот криминален клан, пронајден мртов во автомобил кај Сутоморе

Телото на жителот на црногорскиот град Бар, Веселин Веско Буиќ (57) било пронајдено нешто пред 18 часот во автомобил кај плажата Штрбина, меѓу Сутоморе и Чањ, јавија локалните медиуми.

Според првичните информации, се работи за самоубиство. Ова за РТЦГ го потврдија од Полициската управа.

Полицијата ги истражува околностите под кои починал Буиќ, кого семејството го пријавило како исчезнат.

Веселин Буиќ со децении важеше за еден од водачите на Барскиот криминален клан. Тој на крајот на август 2013 година беше ослободен од затвор, откако беше донесена одлука за амнестија. Тој беше осуден на две и пол години затвор за обид за убиство и поттикнување на обид за убиство.

Синот на Буиќ, Шќепан, е осуден на 20 години затвор за убиство на браќата Љубомир и Дејан Гојачанин во февруари 2013 година во Бар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот