
Бугарското Народно собрание ја прифати оставката на премиерот Денков
Пратениците во Народното собрание на Бугарија ја прифатија оставката на премиерот Николај Денков на денешната собраниска седница. Ова се случи со апсолутно едногласно гласање – 216 гласа „за“, јавуваат бугарските медиуми.
Препорачано
Кабинетот и премиерот добија остри критики од бугарските пратеници додека Денков го читаше извештајот за досега сработеното. Опозициските пратеници ја нарекоа владата „неспособна“ и повикаа на трајна оставка, а не на ротација.
Корнелија Нинова од БСП рече дека целта на регулаторите е да станат клубови и алатки за практикување на власта и одземање на бизнисите. Таа го опиша владеењето како злобно. Нинова додаде и дека левицата ќе гласа за оставка на владата со надеж дека тоа ќе доведе до нови избори.
Минатата година партијата ГЕРБ и прозападниот блок на кој ѝ припаѓа Денков потпишаа договор според кој министерката за надворешни работи Марија Габриел ќе ја преземе премиерската функција откако Денков ќе го заврши деветмесечниот мандат.
Според државната новинарска агенција БТА, денеска е првата среда во месецот и според Деловникот на Националното собрание пратеничките групи можат да предложат точки на дневниот ред, кои мора да бидат ставени на разгледување.
Бугарскиот премиер Денков поднесе оставка согласно договорот од минатогодишните избори