Бугарија: Не сме продале авиони „Су-25“ наменети за Украина

Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека не продало или им обезбедило на земјите-членки на НАТО авиони Су-25 наменети за Украина.

„Блумберг“ вчера објави дека земји-членки на НАТО купиле од Бугарија 14 авиони Су-25 од руско производство и дека тие веќе биле испорачани на Украина.

„Она што отсекогаш сум го велел дека тешко вооружување како што се противвоздушни ракетни системи, обезбедување на авиони и друго немаме можност да обезбедиме додека не најдеме заменски платформи“, изјави на 12 јануари вршителот на должноста министер за одбрана Димитар Стојанов.

На 23 декември беше објавен Законот за ратификација на Договорот меѓу Министерството за одбрана на Бугарија и Министерството за одбрана на Украина за бесплатно обезбедување на лесно оружје, опрема и муниција. Техничката влада одобри нацрт-дополнителен договор помеѓу министерствата за одбрана на Бугарија и на Украина.

Бугарија ќе и обезбеди на Украина лесно оружје и муниција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот