
Бугарско МНР: Го имаме во предвид Извештајот за Македонија од Комитетот за надворешни работи на ЕП
„Министерството за надворешни работи ја зема предвид содржината на извештајот, вклучувајќи ги и проценките и наодите во врска со состојбата на европската интеграција на Република Северна Македонија“, соопшти бугарското МНР откако беше усвоен денешниот извештај за напредокот на Скопје кон ЕУ, а сите предлози на бугарските европратеници беа отфрлени.
Препорачано
„Ја поздравуваме решеноста на АФЕТ да не дозволи да биде вовлечен во шпекулативни националистички наративи поврзани со тврдења за „вековен македонски идентитет“, кои се спротивставуваат на европските вредности на инклузија и ги повредуваат чувствата и на Бугарите и на претставниците на другите заедници во Република Северна Македонија. Бугарија постојано изјавува дека нема забелешки на современите „модерни“ перцепции за идентитетот на која било индивидуа или заедница – ова е прашање на личен избор. За жал, манипулативното толкување на овој став од страна на властите во Скопјe често служи како изговор за неисполнување на преземените обврски. Ова е една од причините за одложувањето на процесот на европска интеграција на РСМ“, се наведува во ставот на Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Во соопштението се наведува дека „загриженоста на Бугарија во врска со политиката на Република Северна Македонија е поврзана со две клучни прашања – гарантирање на правото на Бугарите во Република Северна Македонија на самоопределување без страв од прогон и дискриминација; спречување на провокации против милиони бугарски граѓани – граѓани на Европската Унија – од кои многумина се потомци на Бугари од географскиот регион Македонија“.
„Бугарија останува посветена на сите елементи од Европскиот консензус од 2022 година, чија имплементација е единствена можност за европска интеграција на нашиот југозападен сосед. Оваа позиција е категорично потврдена со одлуките на Народното собрание од јуни 2022 година и мај 2025 година“, нагласи бугарското МНР.
Георгиев: Извештајот за напредокот на Северна Македонија не е меѓународно правно обврзувачки