Плажа на Црно Море во Бугарија/ Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарските спасувачи повторно бараат полиција на плажа: Туристите не ги почитуваат правилата

Во екот на летната туристичка сезона, спасувачите повторно алармираат за дисциплината на посетителите на бугарските плажи. Излегува дека туристите масовно не ги следат препораките и сигнализацијата на знамињата.

„Секојдневно сум на плажа и можам да кажам дека на луѓето ништо не им пречи – ниту чистотата на плажата, ниту сигнализацијата“, вели Росина Минкова од Варна.

Тоа го потврди и Стојан, кој исто така беше сведок на посетителите на плажа кои не ги почитуваат правилата.

„Ако не се почитуваат правилата – каква плажа ќе биде тоа? Но гледам дека не се почитуваат“, вели Стојано Стојанов.

Сето тоа дефинитивно им ја отежнува работата на спасувачите.

„Инцидентите на море стануваат сè почести и мораме да им помагаме на сè повеќе луѓе. Почесто има луѓе кои пиеле алкохол и доаѓаат од кафеана. Ги замолуваме да внимаваат, им свириме да излезат, но одбиваат, а доста често се случувало таквите на кои неколкупати сме им свирнале, веќе по една минута да влеземе и да ги спасуваме“, вели Добрин Добрев, објави порталот Новините.

„Нашиот апел е да има полиција на плажите покрај Црното Море“, вели Добрев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот