Николај Денков / Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Бугарскиот премиер Денков поднесе оставка согласно договорот од минатогодишните избори

Премиерот на Република Бугарија, Николај Денков поднесе оставка, отворајќи го патот на неговиот коалициски партнер, партијата на десниот центар ГЕРБ, да ја води владата, во согласност со договорот постигнат по минатогодишните избори.

ГЕРБ и прозападниот блок на кој припаѓа Денков минатата година потпишаа договор според кој министерката за надворешни работи и поранешна еврокомесарка Марија Габриел ќе ја преземе премиерската функција откако Денков ќе го заврши својот деветмесечен мандат.

Бугарската агенција БТА јави дека оставката на Денков ќе биде проследена до парламентот, но не прецизираше кога Габриел ќе положи заклетва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот